Иако стартот на подготовките на ракометарите на Пелистер беше закажан пред неколку дена, до тоа не дојде, поради неисплатените плати за изминатата полусезона.
-За минатата полусезона за пет месеци се исплатени две плати што е минимално. Сакаме да добиеме уште по две плати и да започнеме со подготовките. Мора да се започнат подготовките за да не дојдеме во ситуација како на стартот на оваа сезона кога започнавме со многу доцнење, велат од Пелистер.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
