РЕК „Битола“ ја потврдува својата општествена и еколошка одговорност преку традиционалното пролетно пошумување.

„Оваа година, педесетина наши вработени од различни сектори во подружницата, засадија 5000 багремови садници, продолжувајќи ја заложбата за обновување на природата-информираат од Рударско енергетскиот комбинат притоа додавајќи:


Нашата цел е двојна: стабилно производство и активно придонесување кон поздрава животна средина преку рекултивација на земјиштето, што значи почист воздух, заштита од ерозија и поплави.

„Посебно сме горди што увидот во претходните пошумувања покажа одличен успех, докажувајќи ја нашата долгорочна еколошка посветеност и видливите резултати од нашите акции-додаваат од РЕК „Битола“.