Don't Miss
Home / Вести / Реконструкција на коловоз на улица „Бурса“ во должина од над два километри

Реконструкција на коловоз на улица „Бурса“ во должина од над два километри

Реконструкцијата на улица „Бурса“ се врши во должина од 2418 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 37.600.000 денари, а средствата се обезбедени од Светска банка во рамките на проектот за поврзување на локални патишта- информираат од Општина Битола.

Од Битолската локална самоуправа додаваат дека интензивно се одвиваат работните активности на терен, а во тоа денеска се увери и градоначалникот Тони Коњановски кој заедно со заменик градоначалникот Бојан Бојкоски одблиску се запознаа со динамиката на градежните активности до целосната реализација на овој крупен инфраструктурен проект што се реализира во Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*