Don't Miss
Home / Вести / СФЕРА Интернешнал- Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови

СФЕРА Интернешнал- Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови

СФЕРА Интернешнал-Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови кои со соопштение на веб-страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се објавени на 14 април овој месец.

Демантот го пренесуваме во целост

Во однос на објавеното соопштение на веб-страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 14.04.2025 година, организацијата СФЕРА Интернешнал-Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови.

СФЕРА Интернешнал е реномирана граѓанска организација со повеќе од 16 години активно искуство во спроведување на младински, еколошки и образовни проекти на локално, национално и европско ниво. Во своето досегашно работење, СФЕРА има реализирано над 100 интернационални проекти без никакви прекршувања на процедурите, со финансиска и програмска отчетност.

Организацијата има соработувано со голем број донатори, вклучувајќи ги Европската Унија, странски амбасади, локални самоуправи, фондации и интернационални мрежи.

Преку нејзините активности, СФЕРА има опслужено над 5.000 млади од Македонија, поддржано преку 300 странски волонтери и обезбедила можности за развој, мобилност и активизам кај младите од сите заедници.

Целата своја работа ја извршува транспарентно, отчетно и во согласност со највисоките етички и професионални стандарди.

Во духот на почитување на правната држава и процесот на проверка, СФЕРА Интернешнал нема да изнесува дополнителни информации во јавноста сѐ додека не се расчисти случајот и не се добијат официјални заклучоци од надлежните институции.

Очекуваме транспарентна и правично спроведена постапка и сме целосно отворени за соработка со сите релевантни органи.

Ги повикуваме медиумите и јавноста да се воздржат од ширење на непотврдени информации кои можат да нанесат штета на угледот на една сериозна организација која долги години работи исклучиво во интерес на младите и општествениот развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*