Don't Miss
Home / Вести / Средното економско училиште „Јане Сандански“ го прослави патрониот празник

Средното економско училиште „Јане Сандански“ го прослави патрониот празник

Економското училиште „Јане Сандански“ Битола го прослави патрониот празник.

На прославата беше присутен и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Директорката на Средното Економско училиште „Јане Сандански“ Биљана Јанкуловска во нејзиното обраќање истакна:

Денес не го славиме само нашиот патрон празник, туку и сите успеси, предизвици и сите оние неуспешни обиди да се запишеме на економијата без да се изгубиме во формули кои ги имаме зад себе. Сите знаеме дека Економското училиште не е само место каде што учиме за пазарот, инвестирањето и маркетингот, туку и каде што се формираат личностите кои ќе го променат светот. Ако не го променат светот, тогаш ќе го променат барем буџетот на некоја компанија-што и не е толку лошо, нели? – истакна директорката Јанкуловска притоа додавајќи:

Како директор, моја должност е да ве потсетам дека не мора секогаш да бидете економски генијалци, но, добро е да знаете како да се договорите околу тоа кој ќе ја донесе следната пица за групниот проект. И да, ако не сте сигурни дали „макроекономија“ е всушност некаков нов вид компјутерска игра, не сте сами!

На сите наставници, кои се потрудивте да пренесете не само знаење, туку и вредности кои се многу поважни од сите теории за понудата и побарувачката-Ви благодарам. А на учениците, кои ќе откриваат дека тестовите не се толку страшни колку што изгледаат -смело напред!

Директорката Биљана Јанкуловска изрази надеж дека оваа година ќе биде исполнета со успешни проекти, нови пријателства и секако, ќе научат не само да го разберат светот на економијата, туку како што рече да го направиме подобар.

А ако не успееме тоа, можеби ќе научиме како да управуваме со личните финансии (што е исто така многу важно). Нека не биде многу сериозно денес, но да се потсетиме дека патронот на нашето училиште нè учи на важноста на знаењето, трудот и уште повеќе-да не ги заборавиме насмевките и хуморот на патот– истакна на прославата на патрониот празник Биљана Јанкуловска директор на СОЕУ „Јане Сандански“ Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*