Русија треба да се размрда, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Truth social.
Тој додаде дека „премногу луѓе умираат во војната во Украина. Илјадници луѓе неделно умираат во страшна и бесмислена војна“.
Неговата изјава е во момент кога во Санкт Петербург специјалниот пратеник на САД за Блиски Исток, Стивен Виткоф се сретна со главниот преговарач на Кремљ за економски прашања, Кирил Дмитриев.
Предвидено е Виткоф да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин и со Поморски колегиум на Руската Федерација.