Don't Miss
Home / Вести / Вистински празник на боксот во Битола

Вистински празник на боксот во Битола

Битола подготвена го пречека 30 тото поединечно Државно првенство во бокс, при што домашната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ и македонската јавност имаше можност да ги види најдобрите боксери од цела Македонија во сите возрасни и тежински категории.

Ова беше празник на боксот каде ги добивме новите државни шампиони, а во исто време е возобновен големиот боксерски турнир „Битолски победник“.

Државното првенство во бокс е во организација на националната боксерска федерација, на чело со претседателот Кристијан Андреевски, а во партнерство со нашиот БК Пелистерски јунак и со поддршка на Општина Битола.

Домаќините БК Пелистерски јунак го прифатија предизвикот заедно со градоначалникот на Општината Битола Тони Коњановски и се надеваме дека и битолската публика уживаше во овој боксерски хепенинг, воедно и почеток на една голема традиција во името на Битолски победник.

Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека Битола како спортски град, но, и како град на еден од најдобрите боксерски клубови во нашата држава го прифати предизвикот, а уште позначајно е што се возобнови традиционалниот турнир „Битолски победник” , кој своите почетоци ги имаше во 80 тите, а последен пат се организирал во далечната 1996 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*