Don't Miss
Home / Вести / Во Бугарија отворена изложбата на карикатури „Му Wаy 4“ на проф. д-р Јордан Ѓорчев

Во Бугарија отворена изложбата на карикатури „Му Wаy 4“ на проф. д-р Јордан Ѓорчев

Денеска, во попладневните часови во престижната уметничка галерија Христо Цокев во Габрово, Бугарија беше отворена изложбата на карикатури – Му Wаy 4 на проф. д-р Јордан Ѓорчев прв човек на Меѓународниот славјански универзитет.

На отварањето, говореа директорот на галеријата – Евгени Недев, ректорот на нашиот партнерски, Великотрновски универзитет – Димитар Димитров, деканката на Факултетот за ликовна уметност – Антоанета Анчева и промоторот, професор и естетичар Кирил Трајчев.

На изложбата присуствуваа голем број на истакнати претставници од уметничкиот живот, познати општествени работници, меѓу кои ректорот на нашиот партнерски универзитет, Техничкиот универзитет во Габрово – проф. д-р Илија Железаров и поранешниот ректор на Великотрновскиот универзитет – проф. д-р Христо Бонџолов.

Изложбата беше одлично организирана, а отварањето се одржа во исклучителна и прекрасна уметничка атмосфера.
Изложбата ќе биде поставена во галеријата до почетокот на месец мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*