Don't Miss
Home / Вести / Во Општина Новаци се одржа јавна расправа „Изградба на Регионален центар за управување со отпад-Новаци“

Во Општина Новаци се одржа јавна расправа „Изградба на Регионален центар за управување со отпад-Новаци“

Денес во салата на Општина Новаци се одржа јавна расправа „Изградба на Регионален центар за управување со отпад-Новаци“.

На расправата се презентираше проектот, а се споделуваа и локални искуства и примери за диви депонии и нови проекти за заштита на животната средина и придобивки од реализирани центри за третирање на отпад.

Ане Лашковска, заменик-министер за животна средина во изјава за новинарите рече дека станува збор за проект започнат во 2019 година.

Разбирлива е грижата која што постои кај граѓаните. Всушност таа грижа постоеше и кај нас кога дојдовме на власт и додека не го видиме проектот како одела постапката, што се случувало и како сме дојдени до оваа фаза. Со нас се луѓето од Министерство за животна средина и експертите кои години наназад работел на овој проект. Овој проект е започнат во 2019 година. Во 2022 е постигнат договорот со ЕБОР. Во 2023 година е земен кредитот од 55 милиони евра и имаме грант од 41,5 милиони евра кои се дел од овој проект-изјави Ане Лашковска, заменик-министер за животна средина.

Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски истакна дека денешната јавна расправа беше на негова иницијатива се со цел жителите на Општина Новаци и регионот да се информираат бидејќи во изминатиот месец се создаде и се крена голема прашина за овој проект.

Можеби со овој настан, трет по ред во изминатите неколку години на истата тема изградба на Регионален центар за управување со отпад ќе им доловиме на граѓаните што ќе значи еден развоен, европски, просперитетен проект, каде што ќе бидат контролирани сите услови, проект кој ќе донесе развој на регионот, изградба на нови патишта, нова инфраструктура итн. На оваа тема во Општина Новаци е разговарано години наназад, претходните градоначалници работеле на оваа проблематика да се изгради модерен центар за управување со отпад и повеќе од десетина година се работело на оваа проблематика– изјави градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски.

На денешниот настан во Општината Новаци беше речено дека експертите веќе работат на сите постапки што ќе значат влијание врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Никола Танчевски, граѓанин на Битола, познат како иноватор рече дека бараат од локалните власти на Битола и Општина Новаци да им го достават проектот за новиот центар за управување со отпад што треба да се гради на територија на Општина Новаци, оти не знаат што се ќе подразбира овој процес.

Тука сме да го изразиме мислењето на народот во врска со депонијата и сакаме да побараме од локалните власти да ни го достават проектот. Никој го нема видено проектот, ниту за патот (обиколницата која треба да се гради низ Пелагонија за да поминуваат камионите со отпад од другите општини), ниту за депонијата, со цел да можеме да ги евалуираме проектите со наши експерти, имаме од универзитети, експерти од Европска унија. Ако е навистина добар проектот во ред, ако има загрижување, ќе протестираме, ќе направиме референдум. Веќе сме спремни со иницијативата за референдум во Новаци и во Битола“, изјави Танчевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*