Воочи големиот празник, денот на Христовото раѓање Божиќ, Битола и
битолчани го празнуваат Бадник, ден кој го наговестува неговото раѓање.
Пред големиот настан, во овогодишните подготовки за Бадник, во
работилницата се вклучи и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.
Заедно со организаторите и дечињата, изработија над 2000
Божиќни ѕвезди кои ќе го осветлуваат патот на Бадникарчињата и оваа година по Широк Сокак.
Во рамките на подготовките, се одржа последната проба на тимот за
организација на „Бадникови поворки 2025 Битола“ . Дечињата најдобро го најавуваат Христовото раѓање, со носење на ѕвездите, коишто ја симболизираат Божиќната ноќ, кога е роден Христос.
На Бадник, 06.01.2025 година во 12 часот од Плоштадот „Магнолија“ по Широк Сокак ќе се движи големата Бадникова поворка.