Don't Miss
Home / Вести / Во рамките на ESG Adria Summit 2025 во Тиват министерката Сања Божиновска и директорот Иван Аџија Стојановски остварија работна средба со претставници на КфВ банката

Во рамките на ESG Adria Summit 2025 во Тиват министерката Сања Божиновска и директорот Иван Аџија Стојановски остварија работна средба со претставници на КфВ банката

Во рамките на ESG Adria Summit 2025 што се одржува во Тиват, Република Црна Гора, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и директорот за финансии на АД ЕСМ Иван Аџија Стојановски остварија работна средба со претставници на КфВ банката, Клаус Милер, директор за Југоисточна Европа и Турција и Милица Кнежевиќ.

Во фокус на средбата беше реализацијата на неколку проекти: финансиската и техничка поддршка за имплементација на втората фаза на ветерниот парк „Богданци“, фотонапонската електрана Битола 2 и ревитализацијата на големите хидроелектрани – трета фаза.

Се разговараше и за реализација на нови проекти и за добивање техничка помош, а со коишто проекти ќе се унапредат интерните човечки способности во АД ЕСМ, што ќе значи креирање капацитети за среднорочно и долгорочно стратегиско планирање со акцент на инвестициските проекти и финансиско моделирање на идното производство и побарување на електрична енергија-изјави директорот за финансии Стојановски.

Продолжува поддршката од КфВ банката за АД ЕСМ за нови енергетски проекти со коишто дополнително ќе се зголеми домашното производство на електрична енергија, како фотонапонската електрана Битола 3 и други проекти од обновливи извори на енергија.
Реализацијата на овие проекти дополнително ќе го збогати портфолиото за обновливи извори на РС Македонија и на АД ЕСМ, и ќе придонесе за дополнителна стабилност на енергетскиот систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*