Како дел од “Бит Фест“ во Старата битолска чаршија се одржа фестивалот на електронска музика „Смотра “ во организација на “Асоцијација 615“.
„По девет непрекинати изданија, обединувајќи ги најдобрите таленти успеавме да изградиме и одржиме фестивал кој претставува дестилатор на најдобрите електронски звуци во Македонија.Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, старата чаршија, подземни гаражи итн.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, Смотра претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.Овој мултимедијален проект во форма на музички фестивал е креиран од млади ентузијасти со цел да ја децентрализираат електронската музичка сцена и да ги приближат младите до современите уметности“, велат од Асоцијација 615.