Don't Miss
Home / Вести / Започна тридневната акција „Генералка викенд“

Започна тридневната акција „Генералка викенд“

Со чистење на различни локации низ градот и на територијата на цела Општина Битола, денес започна тридневната акција „Генералка викенд“.

Ова е една од најмасовните акции во државата, која се реализира веќе петта година по ред, со единствена цел, да се обезбеди здрава животна средина и да се подигне свеста за зачувување на природата и нејзината заштита.

Во оваа акција, граѓаните масовно се вклучуваат и даваат личен придонес во отстранувањето на непотребниот отпад.
Во текот на денешниот ден, сите битолски јавни претпријатија, работеа на различни депонии на терен со тешка и лесна механизација, на претходно определени локации. Во акцијата, покрај јавните претпријатија, се приклучија сите јавни институции, односно основните и средните училишта, факултетите, домовите за ученици и студенти, членови на урбаните и месните заедници, здруженијата на пензионери, општествено одговорни компании и поединци
“-информираат од Општина Битола.

Од Битолската локална самоуправа додаваат дека акцијата ќе продолжи и за време на викендот, со активности за чистење на терен во градот, во околните села и на туристичките локации во Општината, од страна на голем број активисти, спортски клубови, здруженија, месно население, потпомогнато од јавните претпријатија.

Апелот останува-секој од нас да се грижи за животната средина и сопствената околина 365 годишно-апелираат од Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*