Адвокатот Сашо Дуковски кој и се приклучи на одбраната во случајот „Монструм“ на денешната јавна седница во Врховниот суд го оспори обвинението дека не е прецизно и оти за ништо нема доказ.
Вели дека во обвинението пишува оти осудените во почетокот на 2012 се договориле да извршат повеќе убиства на лица од македонска националност. Меѓутоа, според Дуковски нема доказ дека се договориле дека планирале нешто.
– Тоа ти е рекла кажала, исто како вие мене сега да ме обвините дека сум се договорил да го нападнам Доналд Трамп – рече адвокатот.
Тој го оспорува и делот дека сакале да нападнат лица од македонска националност, но прашува како обвинетите од далеку со разгледување на теренот неколку дена можеле да знаат кој од која националност се.
– Македонците не носат со себе банери на кои пишува дека се Македонци, исто и Албанците и Ромите – вели Дуковски.
Tagged with: Дуковски Монструм националност обвинети