Собранието на Република Македонија денеска нема да ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред се Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, како и разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Седницата, како што информираат за МИА од собраниската прес-служба е презакажана во понеделник во 11:00 часот.
Претседателиот на Собранието вчера ја прекина седницата по серијата паузи што ја побараа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои за да се разгледаат стенограмите од обраќањето на омбутсманот Иџет Мемети. Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ објавија дека формирале 10 пратенички групи. Координатори на пратеничките групи се Илија Димовски, Антонио Милошевски, Зоран Илиовски, Владанка Авировиќ, Даниела Рангелова, Панчо Минов, Димитар Стевананџија, Драган Данев, Благица Ласовска и Драган Цуклев.
Според собранискиот Деловник, координаторите на пратеничките групи имаат право на дискусија од 15 минути и да побараат процедурална забелешка уште 3 минути.
На дневен ред на шестата седница се и предлог-измените на Законот за работните односи поднесен од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.