Don't Miss
Home / Политика / Законот за јазиците ја треси владата

Законот за јазиците ја треси владата

Ќе стигне ли законот за албанскиот јазик во првите сто дена од владата во законодавниот дом пред спикерот Џафери да ги распише локалните избори.
 Зијадин Села се заканува доколу тоа не се случи, тој ќе ги напушти фотелјите на Илинденска број 2. Коалициските партнери во Собранието од СДСМ не прецизираат кога и како ќе стигне законот, но велат го чекаат во пакет со повеќе решенија од владата.
 „Ние како пратеничка група чекаме пакет предлог закони од владата кои усогласени со сите коалициони партнери ќе дојдат на разгледување и ние како такви комисиски ќе ги разгледаме на пленарна седница. Пакетот содржи закон за унапредување на јазиците,“ – вели Томислав Тунтев.
 Не е загриужен ниту Весел Мемеди од Алијансата – му порача на Села неговите услови не се и на партијата што тој ја води.
 „Албанскиот јазик а апсолвиран, остануваат само техничките работи да бидат дел од дневниот ред на собраниската седница.“ – вели Мемеди.
 За ВМРО-ДПМНЕ , состојбата е чиста – или Македонците или Албанците ќе бидат, велат излажани. Не одговорија дали ќе го гласаат.
 „Една од тие две големи популациони групи на гласачи,ќе биде излажана, Ние сакаме ден побрзо која ќе биде таа група, зошто подеднакво ќе се спротивставиме на лажењето и на лажните ветувања,“ – изјави Илија Димовски.
 Лидерот на ДПА,, Села, синоќа на партиски состанок во Тетово пред сопартијците го повтори ставот дека нема намеар да седи во валдата доколку нема закон за албански јазик.
 „Јавноста ќе биде сведок на усвојување на законот, и не верувам дека ќе бидат потребни другите чекори. Но, ако е потребно ние сме подготвени да ги преземеме тие чекори. Во јавноста имаше информации дека за ова треба да се изјасни венецијанската комисија, со оправдување дека законот може да падне пред уставен суд. Не треба да се грижиме што прави Уставен суд, бидејќи тогаш ќе се појави потреба и од уставни измени.“ – вели Зијадин Села.
 Законот за албaнскиот јазик е дел од коалицискиот договор меѓу Заев и Ахмети и дел од патокоазот 3 6 9, но вицепремиерот порача дека ќе оди на мислење во Венецијанската комсија, што би значело дека пред изборите нема да влезе во законодавниот дом, нешто што беше договорено кога се финализираше владата меѓи СДСМ и ДУИ. Кога законот ќе влезе во процедура, но и што има во него по несогласувањата на партнерите за униформите и банкнотите – ниту Заев ниту Ахмети не прецизираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*