Собранието заседаваше до 3.30 часот утринава, откако претседателот на законодавниот дом Талат Џафери синоќа прогласи постојано заседание.
Џафери одлучи Парламентот да заседава постојано, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се организирани во 10 пратенички групи, се обидоа со паузи и бесконечни реплики да ја блокираат работата.
На секој час работа, Џафери закажуваше ново продолжение по паузата.
По координацијата на пратеничките групи претседателот Џафери соопшти дека маратонската ноќна седница завршува и продолжува денеска во 13 часот.
Тој во текот на вчерашниот ден постави лист на кој на англиски пишува „Тишина молам!“, а потоа на пратениците им напиша уште две пораки „Забрането спиење на пратеници“ и „Не е препорачливо да го разбудиш заспаниот лав“.