ФРОДЕМ јавно ги повикува добронамерните членови на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период да се воздржат од вплеткување во манипулативни игри на Никола Груевски и врхушката за спасување на сопствената криминална кожа.
„Опсесивниот, секојдневен притисок за вклучување на партиски лица во јавните реакции не е ништо друго туку димна завеса која треба да создаде привид на божемна опозициона активност. А која е всушност опозиционата активност: негирање, негирање и негирање. Тоа не е став на опозиција, туку став на очајници кои не сакаат ништо друго освен трескавично, папагалско промовирање на зададени пропагандни пароли. Но, таа импотентност не нe’ загрижува. Нас реално не загрижува фактот што зад параванот на партиските соопштенија, на божемната партиска активност, се врши активно попречување на правдата односно безобѕирно криминално бранење на огромниот организиран криминал кој досега е направен“, стои во повикот.
ФРОДЕМ оценува дека ставот на Груевски сега е дека периодот на конструктивност завршил.
ФРОДЕМ,најавува дека во иднина ќе почне да го евидентира и процесира, како што велат, секој пропагандно -криминален настап, на секој партиски војник, излажан или не е, сеедно.
Отаму бараат казни за сите припадници на злосторничкото здружение, без исклучок.
„Истото важи и за секој правен субјект кој пласира јавни информации, а низ кои сомнително или нелегално поминале огромни суми пари, за кои немало никаква основаност“ додаваат од ФРОДЕМ.
-Значи да бидеме јасни – Злосторничко здружување, согласно член 394 од Кривичниот законик на Р.Македонија, е: „Тој што ќе создаде група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со затвор од една до пет години”. А во учебниците по „Казнено право“, за злосторничкото здружување се вели: “делото се состои во самото организирање и членување во такво здружение, без оглед на тоа дали е извршено некое кривично дело од планот на здружувањето“ .Затскривањето зад политичка партија нема многу да помогне, напротив тоа ќе биде значителна, отежнувачка околност. Со други зборови, политичкиот субјект бил само параван за реализација на злосторничко здружување и вршење најразлични кривични дела. Со проверка на потеклото на имотната состојба на секого ќе престанат сите патриотски приказни и криминални изговори.
Што се однесува до новата власт ФРОДЕМ сака да го порача следново: Стоте дена наскоро истекуваат, или фатете се за работа за демонтирање на режимот или ако не можете отворете ги вратите и за сите други вонпартсики, добрнонамерни професионалци кои час поскоро, ефикасно ќе ја вратат нормалноста и редот во државава“, наведуваат од ФРОДЕМ.