Don't Miss
Home / Колумни / (Не)угледни граѓани или криминалци

(Не)угледни граѓани или криминалци

Деновиве, кога се актуелни разгледувањето на жалбите на осомничените од СЈО  во скопска Апелација, за враќање на нивните патни исправи, бев во Скопје, каде  имав средба со неколкумина мои стари колеги, новинари. На средбата  присуствуваше и новинарот Томислав Кежаровски, популарниот Кежо. И нормално главна тема на дебата беше новинарството и жалбите на некои од осомничените, како и  новинарите  Латас и Ивона, за враќање на нивните патни исправи.

Иако многу не сакаше да се вклучи во дискусијата, гледајќи го ликот на Кежо, јасно ми беше што чуствуваше во тој момент и како ја преживуваше “дебатата”.

Иако од тогаш помина доста време, на неговото лице сеуште се  гледаа и читаа страдањата низ кои тој помина, кога, не како угледен новинар, за какви себеси се сметаат Латас и Ивона, туку како “водач” на криминална група беше уапсен во својот дом од страна на десетици маскирани специјалци, кои се однесуваа како да  го апсат босот на некое колумбиско подземје, а не новинар, кој пред 5 години објавил текст кој не само читателите, туку и тој одамна го заборавил.

Сепак во еден момент и тој “ пукна”.

-Иако не можам никако да  сватам, сепак можам да разберам што се бунат осомничените што наводно од “режимот” на Заев,  во екот на летните одмори им  ги  одзел пасошите па не можеле да летуваат на некое егзотично место, што се бунат дека наводно обвиненијата на СЈО биле политички или неиздржани… но никако не можам да сватам кој нив ги прогласил за “угледни” граѓани и по кои критериуми.

Кога ќе замислам како јас бев третиран од страна на  Обвинителството на Зврлевски и режимот на Груевски, а кој третман  го имаат  тие сега од СЈО и  “режимот” на Заев,  ми иди да си пукнам од мака, се пожали Кежаровски.

Иако по смената на власта многумина запалени сдесовци се залагаат за политиката “око за око”, “заб за заб” и враќање мило за драго за сите  страдања што тие ги истрпиле во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, сепак јас повеќе сум наклонет за Исусовото учење, на тој што те годи со камен, ти врати му со леб. Но кога и како треба тоа да се случи не зависи од нас, ни од мене, туку од тие кои ни ја кројат нашата животна судбина.

Но искрен да бидам навистина ми делува фрустирачки, кога сега обвинетите од страна на СЈО меѓу кои се и новинарите Латас и Ивона  изигруваат жртви и по сите обвиненија кои се покренати против нив и сомневања за тешки криминалии и бројни незаконитости, себеси се промовираат во јавноста како  чисти души  и “угледни” граѓани,  на кои  СЈО не смее да помисли да им ги одземе ни пасошите.

Мислејки дека овој народ има амнезија притоа тие забораваат како пред само извесно време се апсеа пред (нивните) камери  некои други (не)угледни граѓани и новинари, кои уште пред да бидат осомничени беа осудувани од нив и нивните мегафони.

Во некои случаи, како во случајот со Душко  Илиевски, млекарот од Битола дури беа апсени цели семејства и уште пред да бидат изведени пред истражниот судија беа прогласувани за злосторничко здружение и нарко дилери.

 

Поопширно во печатеното издание на Битолски весник

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*