Следејќи ја деновиве дебатата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски во македонскиот парламент, длабоко разочаран од тоа што гледав и слушав буквално не знаев што да правам, дали да плачам, или да се смеам.
Ни самиот не знам кога сум бил толку многу збунет. Мојата збунетост дури ги “загрижи” и моите блиски кои во еден момент помислија дека ме има удрено сонцето, па за да ме повратат ми понудија ладен чај.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ неколку дена грчевито се бореа да го спречат разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Дебатирајки и реплицирајќи си меѓу себе, пратениците од опозицијата еден со друг со денови пред македонската јавност се обидуваа да го спасат ликот и делото на обвинтелот Марко Зврлевски, за кој од нивна страна беа изречени такви комплименти, какви што ни тој самиот за себе не би се осудил да изусти.
Иако можеби ќе згрешам, бидејки немам точни податоци, но сигурен сум дека толку долго колку што дебатираа и си реплицираа пратениците на ВМРО ДПМНЕ во парламентот за смена на Зврлевски немаат дебатирано сите изминати 11 години колку што беа на власт сите членови на месните комитети на сите ниви состаноци.
Така, како што пратениците на ВМРО ДПМНЕ ревносно го бранеа Марко Зврлевски не го бранеше ни претседателот на Советот на јавни обвинители Пеце Аневски, кој во еден момент, кога беше прашан како тој го оценува Зврлевски дословно изјави дека Марко Зврлевски е најдобриот и најстручниот јавен обвинител, безмалку каков што Македонија немала.
Како и на Аневски тогаш, така и на пратениците на опозицјата деновиве буквално пена устата им фати од фалење на Зврлевски и неговата професионалност и стручност.
Не знам кој им ја крои стратегијата на пратениците на ВМРО ДПМНЕ како да дискутираат во парламентот и како да се изборат за сопас на Зврлевски.
Но мислам дека режисерот на ваквата стратегија, кој ги подучил пратениците меѓу себе да си се прашуваат и самите меѓу себе да си одговараат и реплицираат ги потценил и нив и македонската јавност.
Изгледа дека тој режисер и стратег, кој во најголем дел им ги напишал и дискусиите, заборавил дека ако некои пратеници од ВМРО ДПМНЕ поради партиска послушност мораат да изигруваат недоветни послушници, останатата јавност не е толку ни наивна, ни малумна да не ја прочита ова во најмала рака циркусијада, која го надминува дури и “Мапет Шоу”
Не знам зошто пратениците од опозицијата мораат толку беспоговорно да се резилат пред целата македонска јавност, па со часови меѓу себе да си дебатираат и реплицираат за нешто што истото го мислат.
Во настојувањето да го спасат Зврлевски од смена, некои пратеници од ВМРО ДПМНЕ изигрувајки недоветни будалентинки во своите меѓусебни реплики, дури тврдеа дека нема потреба од смена на Зврлевски, бидејки тој како јавен обвинител буквално немал никакви ингиренции и дека тој ниту можел да гони криминалци, ниту да застапува обвиненија, дека тоа била работа на основните обвинтели и нивните заменици.
Ако се такви работите какви што го прикажуваат пратениците од опозицијата, дека Зврлевски е само англиска кралица во Обвинителството, тогаш се поставува прашањето чуму му е на Република Македонија таков Републички јавен обвинител.
Тоа што не ми е никако јасно е кога Марко Зврлевски бил толку многу добар јавен обвинтел каков што ни го прикажуваат пратениците од опозицијата, тогаш се поставува прашањето зошто истите тие пратеници ги прифатија забелешките на Прибе и гласаа во парламентот за формирање на СЈО.
Зошто тогаш тие не се спротиставија на таквиот предлог да се формира Специјално јавно обвинителство и му дадоа амин на нивниот лидер Никола Груевски да стави параф на таквиот политички договор во Пржино.
Дали тогаш истите тие пратеници имаа амнезија кога токму во парламентот се тврдеше дека СЈО се формира бидејки редовното обвинителство во државата, кое според Прибе,а и според најголемиот дел од јавноста во Македонија е партизирано, корумпирано и непрофесионално и дека не е во состојба да се пресмета со организираниот криминал во државата.
Зошто тие тогаш не го крена гласот во одбрана на Зврлевски како што сега го прават во македонскиот парламент.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ намерно или не, забораваат дека токму заради нефункционирањето на јавното обвинтелство на чие чело (беш)е токму Зврлевски беше формирано СЈО, за чие формирање дадоа согласност токму сите политички партии и лидери, меѓу кои и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Доколку тоа Обвинителство, на чие чело беше токму Зврлевски беше стручно, професионално и непартизирано тоа ќе расчистеше и со криминалот на Фамилијата како и со злупотребите на сегашниот премиер Зоран Заев за кривичните предмети “Пуч” и “Поткуп” кои му се ставаат на душа.
Но токму поради непрофесионалноста и неспособноста како и партизираноста тоа обвинителство во голема мера придонесе во Македонија да цути крминалот.
Треба човек да биде наивен па да верува дека со смената на Зврлевски работите ќе тргнат напред. Напротв. Тоа досега не се случи со смената на сите досегашни обвинтели, кои многу ветуваа а потоа си заминуваа како посленди будали кои се нафатиле да се борат против криминалот во Македонија.
За да во Македонија профункционира праваната држава потребно е еднаш засекогаш партите да ги тргнат рацете од правосудството.
Во спротивно ни Зврлевски, па ни Катица Јанева ќе стават ред во државата каде барем досега така беше криминлаците си имаа(т) своја држава и каде криминалците, кои сега се нарекуваат тајкуни ја бираат и сменуваат власта.