Don't Miss
Home / Uncategorized / Градоначалникот Талески имал приватна фирма за снимање на филмови

Градоначалникот Талески имал приватна фирма за снимање на филмови

Пред да стане градоначалник, уште на 30 август 2004 година, Владимир Талески заедно со уште еден висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Видан Кулевски и според упатените друг близок роднина  на сопругата на премиерот Никола Груевски,  Боркица, основале фирма „АРТ Медија” – Мултимедијална продукција ДОО Битола.

Во основачкиот влог Талески со неговиот ортак Кулевски вложиле по 305.000 денари, или вкупно 610.000 денари.

Седиштето на фирмата било на улица „Бонде Скерлевски”  бр.4/4 станот каде што  и сега живее градоначалникот Владимир Талески, а кој пред тоа за адреса на живеење го пријавил станот на ул. „Димче Лахчански”.

Ова деновиве на прес конференција го соопшти советникот на СДСМ, Горан Козаров, кој притоа на новинарите им подели документ, односно Тековна состојба, во која јасно се гледа дека Талески  бил сопственик на фирма за снимање филмови и други видео материјали.

Инаку, фирмата „Арт Медија” ДОО Битола била активна до 21.04.2009 година кога Талески од засега непознати причини ја пуштил во  стечај.

-Битола во очите на Талески цели 13 год била филмски град.

Ова е документот кој што потврдува дека Талески имал мултимедијална продукција уште пред да стане градоначалник во периодот од 2004 до 2009 г.

Дали тогаш го смислил сценариото за денешниот филм  кој денес го живеат битолчани, а е најблиску до жанрот хорор, рече советникот Горан Козаров и праша:

-Дали уште тогаш во 2004 год визијата на ДПМНЕ на чело со Талески беше Битола да биде најзагаден град, град без спорт, без младина, без инфраструктура, едноставно град без иднина опустошен и со раселени граѓани.

Затоа го прашуваме Талески

– Зошто е затворена Арт Медија?

– Кои се причините за нејзиното затворање?

– Дали фирмата “Арт Медија”  добивала средства од општината Битола и од други јавни претпријатија?

– Дали оваа фирма добила и други донации?

-Дали идејата за Битола филмски град пропадна со затворањето на фирмата?

-Дали од оваа продуцентска куќа почнало неговото богатење?

-Дали еден од сопствениците е и близок роднина на сопругата на бившиот премиер Никола Груевски?

Јавноста бара и заслужува да добие одговори на овие прашања, рече советникот на СДСМ во Советот на општината Битола Горан Козаров.

 

Поопширно во најновиот број на печатеното издание на Битолски весник

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*