По бројните шпекулации дека нашиот интернационален фудбалер Горан Пандев ќе се пресели во Велика Британија, Шпанија, оти ќе игра за Милан или за Херта Берлин, Пандев денеска стави потпис на двегодишниот договор, со кој се обврзува дека наредните две години ќе игра за турскиот гигант Галатасарај.
Ова се вели на веб страницата на неговата фудбалска школа за млади таленти Академија Пандев- академијапандев.мк. Тој ќе биде првиот Македонец кој ќе заигра за овој славен турски тим од Истанбул.
Пандев (31) сега повторно ќе соработува со Весли Снајдер, со кого играше во Интер и со кого ги освои Купот на Италија, Лигата нја Шампиони и Купот на УЕФА. Тој исто така повторно ќе игра со неговиот добар пријател Фернандо Муслера, со кого играше и во Лацио.