Don't Miss
Home / Uncategorized / Осум дена притвор за Игор Југ

Осум дена притвор за Игор Југ

Осум дена притвор му е определен на Игор Југ, осомничен за насилствата во Собранието, кого полицијата вчера го уапси во Куманово. Од Јавното обвинителство за ТВ 21 велат дека уште вчера веднаш бил упатен на извршување на определената мерка.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, судот при крајот на април годинава со Решение на осомничениот му определи мерка притвор во времетраење од осум дена. Времетраењето на притворот од осум дена е бидејќи во моментот на поднесување на предлогот лицето се гонеше за кривично дело кое налага скратена постапка.

Во моментов за осомничено лице, надлежното Основно јавно обвинителство Скопје води истрага за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од  Кривичниот законик, велат од Јавното обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*