.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Тони Михајловски бара слобода за Игор Југ

Тони Михајловски бара слобода за Игор Југ

 

Игор Југ, осомничен за насилствата во Собранието, кого полицијата вчера го уапси во Куманово, ја издржува определената мерка притвор од осум дена.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, судот при крајот на април годинава со Решение на осомничениот му определи мерка притвор во времетраење од осум дена. Времетраењето на притворот од осум дена е бидејќи во моментот на поднесување на предлогот лицето се гонеше за кривично дело кое налага скратена постапка.

Актерот Тони Михајловски, кој беше и дел од иницијативата „За заедничка Македонија“, преку својот профил на Фејсбук побара слобода за притворениот Игор Југ.

Михајловски постави фотографија на својот профил, со транспарент на кој пишува „Слобода за Игор Југ“.

Југ вчера беше уапсен поради обвиненијата за учество во толпа на 27 април при упадот во Собранието на Република Македонија, кога беа нападнати пратениците од актуелната власт и присутните новинари.

Според разузнавачот Горан Живаљевиќ, припадник на српска БИА во Македонија, целта на присуството на Игор Југ во Собранието на 27 април била да го ликвидира сегашниот премиер, Зоран Заев.

Моментално на Фејсбук постои и група со повеќе од 1.000 членови, поддржувачи на Југ, кои бараат негово ослободување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*