Независниот кандидат за градоначалник на општина Битола Јорго Огненовски најави дека доколку ја добие довербата на битолчани и биде избран за градоначалник ќе пренесе дел од искуствата што ги стекнал и воочил од организираните општини во САД, особено во Лос Анџелес, каде што живеел.
– Ќе работам за граѓаните на Битола затоа што не сум поврзан со ниту една политичка партија. Мојата цел е да го уништам политичкиот криминал, митото и корупцијата, стопанскиот криминал во Битола. Ќе овозможам нови вработувања со висок стандард на живеење, подобар спорт, планска Битола и посебна поддршка и помош на социјално загрозените сограѓани за да излезат од оваа беда и сиромаштија, истакна Огненовски.
Независниот кандадат за градоначалник на општина Битола Јорго Огненовски изјави дека доколку биде избран за градоначалник, својата месечна плата ќе ја донира во фонд за сиромашни лица и семејства.