Ви давам збор, правда ќе има за сите граѓани на Македонија, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот голем митинг во Скопје, пред илјадниците граѓани.
– Промените кои ги носиме во општините е да се зближуваме еден со друг, а не да сме поделени со што го губиме заедничкото. Градејќи модерни и европски општини и главен град за сите, ќе изградиме и единствено општество за сите. Тоа е единствената иднина и граѓаните тоа го заслужуваат – рече Заев.
Заев вети дека ставиле крај на ерата на расипничко трошење на парите на граѓаните.
– Од тука ќе најавам, ќе го вратиме „мерцедесот“ на Груевски од 600.000 евра и со тие пари ќе набавиме амбулантски возила – рече Заев.