Амбасадата на Р.Италија во Скопје и Јазично студио ЛИНГВА, во соработка со НУ Центар за култура Битола организираат Фестивал на италијански филмови во Битола- FINESTRA SUL CINEMA ITALIANO во рамките на XVII Недела на италијански јазик во светот.
Фестивалот ќе се одржи од 19 до 22 октомври, во кој период секоја вечер во 20.00 часот во Малата сала на Центарот за култура Битола ќе се прикажуваат италјански филмови. Влезот е бесплатен.
Фестивалот ќе го отвори н.е. г-н Карло Ромео, амбасадор на Република Италија во Република Македонија во четврток 19 октомври 19:30 часот во малата сала на Центарот за култура.
ПРОГРАМА:
19.10.2017 – СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ (трилер)
20.10.2017 – ПРОСТЕТЕ ШТО ПОСТОЈАМ (комедија)
21.10.2017 – ВИНОГРЕВ (комедија)
22.10.2017 – СПОУЛАВЕН ОД ЖЕНИ (комедија)
Tagged with: Италјански комедија култура филм Центар