Don't Miss
Home / Uncategorized / Груевски застана зад Пивковски

Груевски застана зад Пивковски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски  во настојувањето да освои што повеќе градоначалнилки места буквално се изгуби. Тој вечерва  во Могила му даде поддршка на сегашниот градоначалник Стево Пивковски, за кој на минатите локални избори велеше дека е криминалец, на кого местото му е во Идризово, обвинувајки го притоа за тешки злоупотреби и криминали.

– Гледаме што ни се случува и што прават. Не можат со работа да го победат ВМРО-ДПМНЕ, па се обидуваат со криминал. Не можат со проекти, со визија, со идеи да бидат подобри, па се обидуваат со фалш избори, со притисоци, со закани, со се она што не е дозволено, оцени Груевски.

Според него, во изминатиот период се случуваат притисоци во врска со изборите, закани, полициски хајки. – Станавме држава во која што полицијата наместо да апси криминалци, таа го штити криминалот. Наместо да го применува законот, тие го прават спротивното, го кршат законот, оцени Груевски.

Дали со поддршката на Пивковски, Груевски  си плукна самиот себе на тоа што го зборуваше за него пред само 4 години.

Навистина многумина Могилчани не можеа да се изначудат како сега Груевски застана зад криминлаецот Пивковски, за кој тврдеше дека местото му е во Идризово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*