Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција побара од Кривичниот суд изрекување мерка притвор за сите 36 лица против кои покрена истражна постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април во Собранието.
Обвинителство утринава соопшти дека е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица. Оттаму велат дека завршиле со предистражната постапка по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите. За ова дело се предвидени најмалку 10 години затвор.