Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО и Груевски протестираа пред Шутка

ВМРО и Груевски протестираа пред Шутка

Вечерва, опозициската ВМРО ДПМНЕ , во знак на револт од притворите , организираше протест пред истражниот затвор во Шуто Оризари.  На протестот дојде и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, но не се обрати, а ги избегна и да одговори на новинарските прашања, дали одлучил кога ќе ја потпише оставката . Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ рече дека во Македонија владее режим. Наместо разврски за убиства, се апсат луѓе што ја сакаат татковината .

„Актерот Владо Јовановски е новиот Ристо Шишков. Зарем актер кој никого не нападнал, не удрил, не раскрварил треба да биде суден за тероризам, за дела против државата и уставниот поредок“, порача Ѓорчев.  Тој вели дека на нивните протести се присутни мал број на граѓани  бидејќи во државата владее режим, а тие биле исплашени да се појават на улица во знак на солидаризирање со притворените бидејќи власта го снимала секој  чекор на сите вработени во институциите, но и приватниот сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*