Don't Miss
Home / Градска хроника / Положени букети цвеќиња пред споменикот на револуцијата

Положени букети цвеќиња пред споменикот на револуцијата

cveke 1

Осми септември, Денот на независноста во Битола беше одбележан со полагање на букети свежи цвеќина пред споменикот на Револуцијата пред Центарот за култура.

cveke 3
На ова спомен- обележје букети цвеќиња положија делегации на Сојузот на борците, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, делегација на Советот на општината, делегациите на партиите на ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ и ПОДЕМ.

cveke 5

За значењето на Осми септември изјави за медиумите дадоа градоначалникот на Битола Владимир Талески, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Зоран Илиоски, и лидерот на СДСМ и пратеник Васко Ковачевски, кои го истакнаа огромното значење на овој ден, кога пред 23 години Македонија се стекна со својата независност.

Б.В.

Фото: С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*