Don't Miss
Home / Uncategorized / Орце Камчев останува уште 30 дена во Шутка

Орце Камчев останува уште 30 дена во Шутка

Кривичниот суд во Скопје денеска му определи нови 30 дена притвор на Орце Камчев. Тој е осомничен во случајот „Империја” на Специјалното јавно обвинителство.

Тој, заедно со Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески и Тодор Мирчевски остануваат уште еден месец во притвор.

Во истрагата за „Империја”, осомничени се уште 8 лица: ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, мајката и сестрата на Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Владислав Стајковиќ, ексдиректорот на компанијата „Финзи” преку која одеше набавката на израелската опрема за прислушување, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев, Јованче Тасковски и Лилјана Гајдовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*