Двата волка, кои вчера утрината избегаа од кафезот во Зоолошката градина во Битола се застрелани од чуварската служба на градината и се наоѓаат во фрижидерот за длабоко замрзнување.
Едниот од волците беше застрелан веднаш по неговото бегство од кафезот, додека вториот волк бил застрелан вечерта, кога се обидел да се врати во Зоолошката градина.
На тој начин е остранета опасноста за шетачите на “Тумбекафе”, кои по бегството на волците се плашеа за својата безбедност.
Б.В.
Фото: С.Р.