Битола подготвена го дочекува утрешното свечено отворање на Интернационалниот филмски фестивал “Браќа Манаки“ . Влезници за утрешното свечено отворање нема ни за лек. А распродадени се и влезниците за проекцијата на филмот “ До балчак“ која ќе биде в недела.
На свеченото отворање, утревечер, ќе бидат присутни сите добитници на престижните награди, Крис Менџис и Лука Бигаци а веќе во Битола во секој момент треба да простигне и оскаровката и специјална гостинка Жулиет Бинош.
Годинашниот “Браќа Манаки“ ќе биде еден од најдобрите досега со најмногу гости, истакнаа предмалку организаторите.
-“Браќа Манаки“ е најрепрезентативната културна манифестација, сите сместувачки капацитети се распродадени, и се очекува пристигнување на голем број гости и звучни имиња од филмската индустрија- посочи градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Б.В.