Home / Култура / Дуканџиите се закануваат со протести на премиерата “ До Балчак”

Дуканџиите се закануваат со протести на премиерата “ До Балчак”

Битолските дуќанџии кои две години чекаат да им бидат платени трошоците направени од екипата која го снимаше филмот „До балчак”, најавуваат протести пред проекцијата на филмот в недела во Центарот за култура.
Револтирани од непочитувањето на договорот што го потпишале со продукцијата, дуќанџиите се револтурани затоа што досега не добиле ни еден скршен денар за отстапените дуќани за време на снимањето на филмот.
Директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија, Дарко Башевски, вели долговите што “Триангл“ продукција ги направила во текот на снимењето на „До балчак”, не само кон битолските дуќанџии, туку и кон други физички и правни лица во земјава, ќе бидат подмирени од заработката од прикажувањето на филмот. Башевски ги повика сите кои побаруваат средства од продукцијата на филмот „До балчак”, да тужат, а потоа по приоритет ќе бидат обесштетени од посебна сметка што Агенцијата за филм има намера да ја отвори за оваа потреба.
На денешната прес конференција и директорката на фестивалот
“ Браќа Манаки”, Лабина Митевска истакна дека долговите спрема дуќанџиите треба да бидат исплатени исклучиво од наплатата на влезниците кои ќе се продаваат за време на прикажувањето на филмот.
Инаку, влезниците за премиерата на филмот се веќе распродадени, а според информации на порталот на Битолски весник во текот на денот луѓе кои беа вклучени во снимањето на филмот денеска имале интензивни комуникации со дуќанџиите, со цел тие да се предомислат и да не протестираат за време на премиерата.

Филмот „До балчак”, со поднаслов „Приказни од дивиот исток” важи за најскапиот во македонската кинематографија. Во буџетот од околу 3,5 милиони евра, 2,5 милиони обезбедила Владата на Република Македонија, а 500.000 евра обезбедил Филмскиот фонд.

За потребите на снимањето на филмот „До балчак” на режисерот Столе Попов битолските продавници беа затворени десетина дена.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*