Don't Miss
Home / Uncategorized / Во најновиот број на ФОКУС ќе прочитате

Во најновиот број на ФОКУС ќе прочитате

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Владина службеничка ми поднела преставка дека сум ја дискриминирал оти на „Телма“ државната администрација сум ја нарекол „монструм“. Да не е монструозно, би било смешно или за сожалување? Ако е и од ДПМНЕ-очајничка, многу е!

ДИЛЕМИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ
Откако Заев го посочија како кандидат за претседател, премиерот ја отфрли можноста. Во игра се уште и Шекеринска, како и непартиските Димитров, Пендаровски, Лазарова – Трајковска, Малески… Кај опозицијата предност може да добие Каракамишева пред Славески, зашто за ДПМНЕ поисплатливо е да ги истакне националните отколку економските прашања

НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КРЕАТОРИТЕ НА „ПУЧ“
Откако СЈО ја откри вистината за масовното прислушување и покрена обвинение, како сите да заборавија дека имаше друга „вистина“ за аферата наречена „Пуч“. Предметот потпишан од обвинителот Златко Биковски пропадна, луѓето што ги обвини се на слобода, а тој се уште работи како обвинител

„ПОЛИТИЧКИТЕ БЕГАЛЦИ“ НА ВМРО
Ванчо Михајлов и Никола Груевски ги дели временски период од речиси еден век. Оттука, јасно е дека помеѓу двајцата познати водачи на ВМРО има голем број разлики. Но, од пред два месеца ги спојува една суштинска сличност. И двајцата се „политички бегалци“ принудени да ја напуштат сопствената земја. Пронајдовме барем уште десет сличности меѓу нив

ЗОРАН ДИМОВ: ДОЛЖНИЦИТЕ ЌЕ ВРАЌААТ ДОЛГОВИ, КОГА ДРЖАВАТА ЌЕ ГО КАЗНУВА ПЛАЌАЊЕТО ВО КЕШ
Од 2006 година, кога стапи на сила Законот за извршување, досега извршителите вратиле кај доверителите околу 1 милијарда и двесте милиони евра, вели Зоран Димов, претседател на Комората на извршителите. Со Димов разговаравме за причините на револтот кон извршителите

ОД ПАСЕЊЕ ТРЕВА НИКНУВААТ РОГОВИ
СДСМ не е слаба поради јакоста на ВМРО-ДПМНЕ како што и ВМРО-ДПМНЕ не е слаба поради силината на СДСМ. Туку, објективно гледано, ужасно слаби и непопуларни се и двете водечки партии, сосе ДУИ во неговиот гласачки сектор. На сите анкети, како и на изборите, најмногу поддршка добива опцијата „за никого“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*