ИФФК „Браќа Манаки” и Европската асоцијација на кинематографери ИМАГО во Битола ја одржаа третата балканска конференција на директори на фотографија, која од следната година ќе прерасне во традиционална.
На конференцијата учествуваа Иван Тонев од Бугарија, Валентин Перко од Словенија, Зоран Петровиќ од Србија, Силвестер Колбас од Хрватска, Пиро Милкани од Албанија, Олимпија Митилинеоу од Грција и Томи Салковски од Македонија, а со конференцијата претседаваше претседателот на ИМАГО Најџел Волтерс од Велика Британија.
– ИМАГО првпат оваа година почна да се појавува во европските документи и, верувале или не, тоа за нас е голем напредок. Од сега па понатаму, секакви преговори што ќе се вршат за нашата професија ќе може да се реализираат преку ИМАГО. Тоа исто така ни овозможува следната година на конференција што ќе се одржи во Брисел да можеме да ги презентираме нашите планови и програми. Знаењето што денес го споделивме е корисно за сите и проблемите ќе можеме да ги пренесеме во институциите на ЕУ, истакна претседателот на ИМАГО Најџел Волтерс.
Tagged with: Балканска конференција фотографија