Don't Miss
Home / Uncategorized / Спиркоска контра СВР Битола

Спиркоска контра СВР Битола

По информацијата од минатата недела за поднесена кривична пријава од страна на полицијата против вршителот на должност директор на Здравствениот дом во Битола за злоупотреба на службената положба, околу конкурс за вработување, денеска демент од директорката на Здравствениот дом.

-Јас, Д-р Весна Спиркоска, ВД Директор на Здравствен дом – Битола, во однос на изнесената вест од СВР Битола на ден  19.07.2019 год. за ‘‘Постоење на сомнение‘‘ за наводна злоупотреба на службена дејност и овластување, а засновано на наводни пропусти во изборот на кандидати пријавени на оглас за вработување, го објавувам денешниот демант за неточно изнесени наводи. Имено како и претходните два огласи со кои имавме вработување на доктори и овој оглас беше спороведен во законски рамки со почитување на сите законски прописи. Во споменатиот оглас беа пријавени 70 кандидати за медицински сестри од кои 62 кандидати ги исполнуваа пропишаните критериуми. Конкурсот беше спроведен според сите законски норми:

-Објава на оглас

-Спроведено тестирање во присуство на членови на Министерство за здравство и селекциона комисија од  ЈЗУ Здравствен дом Битола

-Изработена е ранг листа од страна на селекциона комисија според законски пропишани критериуми и истата е објавена.

-Извршено е интервју со сите 62 рангирани кандидати од моја страна и е направен избор на кандидати според  Член 161 од одлуката за избор во законот за здравствена заштита кој вели:

Работоводниот орган на здравствената установа врз основа на ранг листа предложена од комисијата за селекција со најмалку 3 кандидати, доколку има повеќе од 3 кандидати кои ги исполнуваат условите, спроведува интервју и донесува одлука за избор на кандидати.

На тој начин после извршеното интервју направен е избор на 9-те  кандидати. Две од кандидатките го искористија правото на жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен каде жалбата им е одбиена.  Со добивањето позитивно мислење за нашиот избор од страна на комисијата, спроведено е вработување на избраните 9 кандидати. Уште еднаш да напоменам дека изборот на здравствени работници на објавени конкурси не се врши според Законот за вработени во јавен сектор, туку според законот за работни односи и Законот за здравствена заштита што ја објаснува нашата одлука за избор на кандидатите и е потврдено од страна на второ степената комисија и е спротивно од вашето изнесување за изборот на кандидати каде се препорачува првите 9 од ранг листата.

Исто така и во минатиот период како и сега во сите здравствени установи во РС Македонија  приемот на кандидати се вршел на овој начин според Законот за здравствена заштита.

Во овој момент кандидатките кои го обжалуваат конкурсот се во редовна судска постапка со ЈЗУ Здравствен дом. Јас верувам во правосудниот систем на РС Македонија кој треба да одлучи дали Конкурсот во ЈЗУ Здравствен дом е спроведен според законски прописи, дали треба истиот да се поништи, дали има основа за кривична постапка од страна на Обвинителство и се до моментот на донесување правна одлука предлагам да го почитуваме правото на презумција, рече др.Весна Спиркоска в.д директор на ЈЗУ Здравствен дом Д-р Хаим Абраванел- Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*