Директорот на ОУ „Крсте Петков Мисирков” од Бистрица, Димитар Пипилевски преку писмо до медиумите соопшти дека поднесува оставка на својата функција.
Според наводите во писмот Пипилевски оставката ја пдонесува заради тоа сто чувствува морална и етичка обврска оти предизвикал сообракајна незгода под дејство на алкохол.
Во писмото тој меѓу другото пишува:
-Чувствувам морална и етичка обврска да се произнесам по неодамнешните случувања. Имено, во четвртокот, 3.10.2019 година, околу 20.00 часот, предизвикав сообракајна незгода под дејство на алкохол. Заради ова, поднесувам оставка на местото директор при ОУ „Крсте Петков Мисирков”, Бистрица.
СДСМ е сериозна партија и ние, покрај обврските, ги преземаме и сите одговорности кои ни ги налага функцијата.
СДСМ нема да прикрие сообракајки со замена на возач, СДСМ нема да употребува хилти за непослушниците, СДСМ нема да руши објекти заради политички притисок, СДСМ нема да рекетира фирми и да прави „Бели палати”, СДСМ покачува плати, пензии, социјална помош, СДСМ ја носи Македонија пред вратите на европското семејство, и што е најважно, СДСМ презема одговорност за постапките. И да, токму чувството за одговорност и совесност им даваат суштина и веродостојност на зборовите “НА ПРАВ ПАТ”.