Лизгалиштето во Битола, кое пред извесно време Агенцијата за млади и спорт му беше привремено“позјамено“на општината не работи.
Залудно стотици млади битолчани доаѓаат кај лизгалиштето кое е лозирано кај спорската сала “ Боро Чурлевски “ но тое сеуште е затворено за лизгање.
Наместо мраз во заградениот дел на лизгалиштето има вода.
Од работниците кои се грижат за работата на лизгалиштето ни рекоа дека тоа е затворено поради тоа што топлото време кое деновиве владее во Битола го стопи мразот и затоа тоа е неупотребливо.
Иако не сакаа да зборуваат за тоа, се чини дека лизгалиштето не работи пред се поради малиот капацитет на “чилерите“ за ладење кои не можат да го одржуваат мразот на лизгалиштето.
Како и да е во Битола лизгалиштето кое најмногу ги израдува младите не работи, а неговото(привремено) затворање најмладите битолчани тешко го поднесоа.