На плоштадот “Магнолија“ се реализира и финишира проектот “Европска недела на мобилноста“ и Ден без автомобили. Проектот опфати дебати, трибини, проекции на документарни филмови, се направи и избор на најубава фотографија, а денеска беа избрани најдобрите цртежи на оваа тема.
-Една недела во Битола, целосното внимание беше насочено кон животната средина. Загадувањето е глобален проблем насекаде во светот. Еден од главните загадувачи на животната средина се автомобилите. Идниот период Општината Битола ќе го заокружи големиот проект за велосипедски патеки низ градот- рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Зонското паркирање, кружните текови, и многу други инфраструктурни проекти придонесуваат за подобрување на животната средина во Битола.
Во неделата на мобилност учествуваа над 250 ученици од средните и основните училишта, претставници од невладини организации и други учесници.
Б.В.