Како што стојат работите сосема е извесно дека најслатката фабрика во Битола за производство на кондиторски производи, поранешен “ Прогрес” а сегашен “ Виго 48” заминува во историјата!?.
По пожарот што ја зафати оваа фабрика на почетокот на летото како што стојат работите речиси е извесно дека сопственикот на фабриката најверојатно ќе мора даја сруши фабриката, а нејзиното реновирање ќе го почне од почеток.
Денеска фабриката ја посетија истражни органи на судството, обвинителството и други вешти лица кои на лице место повторно ги утврдуваа причините и штетите од пожарот.
Иако, засега сеуште нема прецизна пресметка, сепак по се изгледа дека фабриката ќе почне да се реновира од темел, а штетите се мерат со милиони евра.
Обештетувањето што ќе го добие фабрикатаод осигурителната компанија е речси симболично во однос на штетите, кои се мерат над 5 милиони евра.
Покрај директните штети од последиците на пожарот, најголема штета е што фабриката не работи, а над 200 работници се дома.
Воедно немерливи се штетите и од губењето на пазарите.
Но тоа што најтешко им паѓа на сопствениците на фабриката е што линијата за производство на познатата наполитанка е целосно уништена, а нејзиното обновување е доста скапо.
Засега, сеуште без работа остануваат над 200 работници, кои работеа во фабриката. Во еден од погоните на фабриката “ Виго 48” моментно работата околу 30 тина работници на фирмата КАМ.
Инаку да потсетиме во пожарот речиси сто од сто беа уништени производните погони, машините, сировините, како и над 200 тони готови производи, наменети за домашниот и странскиот пазар.
Б.В.