Don't Miss
Home / Вести / Заврши сослушувањето на сведоците на Катица Јанева

Заврши сослушувањето на сведоците на Катица Јанева

Завршено е испитувањето на сведоците предложени од обвинетата Катица Јанева во случајот „Рекет“. Последни на листата, зад затворени врати беа бизнисменот Јордан Камчев и ексобвинителот на СЈО, Артан Ајро.

Адвокатката Ирена Фрчковска која ја застапува Јанева во „Рекет“ за „Макфакс“ вели дека е задоволна од исказите на сведоците.

– Тоа се наши сведоци, ние ги предложивме. Задоволжни сме што се одзваа на поканите, односно што сите дојдоа. Исказите одеа во наш прилог – посочи Фрчковска.

Адвокатката посочи дека судот го одбил барањето за одложување на рочиштето и покрај тоа што таа имала потврда дека има мало дете, односно дека користи мерка од Владата, додека пак, Јанева има хронична болест и се препорачува таа да не излегува од дома.

Претходно, по предлог на Јанева сведочеше поранешната обвинителка Ленче Ристковска. На следното судење ќе бидат презентирани вешти наоди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*