Don't Miss
Home / Uncategorized / Во “Плодност “ породено бебе со помош на абдоминален серклаж

Во “Плодност “ породено бебе со помош на абдоминален серклаж

Вработените во приватната болница за гинекологија и акушерство “ Плодност “ во Битола постигнаа уште еден голем успех во третманот и породувањето на родилките.

Во “ Плодност “ породено е првото бебе, со помош на абдоминален серклаж.

Ваквиот начин на породување за првпат се прави во Република Македонија и е направен на бремена жена во 14 гестациска недела.

Родиллката претходно имала дури 5 спонтани абортуси, кои биле последица на слабост на внатрешното устие на матката.
Инаку во “ Плодност “ тврдат дека овој абдоминален  серклаж се прави само во две три земји во Европа, а кај нас во Македонија воопшто не се практикува.

Новороденото бебе се чувствува одлично и е здраво и право.

Според зборовите на д-р Таше Трпчевски од сега натаму ваквиот начин на породување ќе стане пракса и во иднина се очекува поради тоа во “ Плодност “ да се породуваат  родилки од странство, бидејќи ваквиот начин на породување во земјите од Европа изнесува од 8 до 10.000 евра.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*