Во рамките на првото коло од младинската лига на Македонија за девојки родени 1997/98 г. кошаркарките на “Младост“ ја забележаа првата победа во Кавадарци над домаќинот Академик со резултат 54:46.
Со одлична игра во одбраната победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент од натпреварот.
-Добро е кога на почеток од првенството се забележи победа на гостински терен. Самодовербата и подготвеноста кај девојките е на високо ниво и очекувам со добри игри во текот на сезоната да заиграме и на завршниот тунир-ни изјави по натпреварот тренерот Горјан Стојановски.
Во наредното коло екипата на “Младост“ е слободна, а потоа гостува кај Струга 2009. Машката екипа-момчиња родени 2000/01 г. во Сабота се среќава со Кичево, а девојките родени 1999/2000 г. ја дочекуваат екипата на Шкупи од Скопје.
С.Р.