Два часа половина Битола остана без електрична енергија. Од дваесет часот и триесет минути, вечерва, без струја останаа Нова Битола, Брусничката населба, Клиничката болница, приватната болница “Плодност“ и други места во градот, а светилките светнаа во 22 часот и триесет минути.
Од ЕВН информираат дека се работело за голем дефект, испад на системот на една од трафостаниците, но стручни екипи интензивно работеа на санирање на проблемот. Струјата дојде и битолчани особено оние кои се затоплуваат на електрична енергија вечерва можат да здивнат.
Б.В.