Don't Miss
Home / Македонија / Седумката на лото падна во Битола

Седумката на лото падна во Битола

Вечерашното 95. коло на Ново лото донесе нов среќен добитник на премијата 7-ка.

Kомпјутерскиoт систем лоцираше дека уплатата на среќното ливче е извршена во продажното место ДООЕЛ- 15ка-88 во Битола.

Добитната комбинација во ова коло е: 1, 4, 5, 16, 19, 22, 30 и дополнителен број 25.

Според статистиките на Државна лотарија на Македонија ова беше рекордна вредност на најпосакуваната премија 7ка вредна над 365 илјади евра или фантастични 22.601.966,50 денари.

Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*