Don't Miss
Home / Спорт / Ѓоко Хаџиевски по 23 години повторно тренер на Пелистер

Ѓоко Хаџиевски по 23 години повторно тренер на Пелистер

На денешното Собрание на фудбалскиот клуб Пелистер, кое се одржа во хотел “Милениум” во Битола за нов шеф на стручниот штаб на Пелистер е назначен еден од најдобрите тренери на Македонија и екс- селектор на македонската фудбалска репрезентација Ѓоко Хаџиевски, кој во Пелистер се враќа по 23 години.

Детали за одлуката на денешното собрание не се соопштени, а за сите нови одлуки кои го донесе Собранието на Пелистер за утре е закажана прес-конференција која ќе се одржи во ресторанот “Белведере” со почеток во 11 часот.
Покрај Хаџиевски ќе има и нови имиња и во бордот на директори, а тие ќе бидат од команијата “Цермат” која е доминантен сопственик на ФК Пелистер и од општина Битола, а за старо-нов претседател е потврден Димче Шеровски.
Инаку, Ѓоко Хаџиевски е најславното тренерско име во Македонија, а кај битолчани има посебно симпатии, бидејќи се уште не можат да ја заборават генерацијата на Ѓоко во која беа, најпознатите битолски имиња, Милошевски, Стојковски, Пресилски и останатите која се натпреваруваше во Првата сојузна југословенска лига.
Гоко Хаџиевски имаше блескава  тренерска кариера. Тој со голем успех ги водеше фудбалскиот клуб Пелистер, Вардар, Војводина, беше трнер во Јапонија, Саудиска Арабија Азербејџан, а едно време беше и селектор на македонската фудбалска репрзентација, која под неговата тренерска палка го постигна својот најголем успех.
С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*