Лајонс Клуб Битола во оваа фискална година, денеска додели донација – спортско рекреативна опрема за Здруженијата на слепи лица, глуви лица и лица со телесна спреченост.
Спортската опрема ќе биде поставена во спортската сала што се наоѓа во објектот Центар за социјални грижи, населба „Карпош”-Битола.
-Набавувањето на донацијата – статички велосипед и магнетнта механичка лента за движење, вредна 20.000 денари е извршено со средства од хуманитарниот Црно- бел бал што неодамна се одржа во Битола. Имавме повеќе мотиви за да ја реализираме денешната донација. Најнапред цврстата соработка со нашата целна група. Потоа, националниот имиџ проект „Сакам велосипед“ и „Да спортуваме и да се дружиме“, како и желбата да помогнеме на слепите лица, глуви и лица со телесна спреченост да водат здрав живот, изјави актуелниот претседател на Лајонс клуб- Битола, д-р Марјан Танушевски.
Б.В.