Во втор изборен круг за претседател на Хрватска ќе се натпреваруваат Иво Јосиповиќ од СДП и Колинда Грабар Китаровиќ од ХДЗ, објави Јутарњи лист.
До 22 часот обработени се резултатите од 6.090 избирачки места (95,91 отсто). Излезноста била 47,11 отсто, а имало 26.880 неважечки ливчиња.
Најмногу гласови во првиот круг добил Јосиповиќ – 38,56, а Грабар Китаровиќ е веднаш до него со 37,12 отсто.
Фото: Јутарњи лист